Агрегатор.мк

Секогаш информирани

Стопанска комора пред Уставен ќе го оспорува Законот за данок на солидарност

Стопанска комора пред Уставен ќе го оспорува Законот за данок на солидарност
Стопанска комора пред Уставен ќе го оспорува Законот за данок на солидарност

Стопанската Комора пред Уставен суд ќе го оспори законот за данок на солидарност, бидејќи како што истакнуваат од таму, овој закон не претставува никакво усогласување со директивите и регулативата на ЕУ, напротив тоа е само злоупотреба на тие регулативи, за што можни се две причини. Првата е дека воопшто не се разбира Регулативата 2022/1854, и втората, која е уште полоша, е дека можеби правилно се чита Регулативата 2022/1854, но свесно се изнесуваат неточни податоци и користејќи ја скратената постапка се носи Законот за данокот на солидарност.

Од комората велат дека во јуни и јули месец годинава се обратиле до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и до Министерот за финансии на Република Северна Македонија, упатувајќи дописи со аргументи образложени на повеќе страни, и аргумнтирано побарале да сопре постапката за донесување на Законот за данок на солидарност, по итна постапка со европско знаменце укажувајќи дека тоа преставува само обид за манипулирање со редовните собраниски процедури за носење на законите и злоупотреба на Европското знаме.

Аргументите на кои дополнително се повикува Комората во Дописите до институциите се во насока на фактот дека компаниите членки на Комората се меѓу најголемите плаќачи на разни даноци, ДДВ, придонеси во корист на државниот буџет и на фондовите. Беа и најголеми донатори на здравствениот сектор во време на корона кризата, а се пример и на општествена одговорност во повеќе области. Токму затоа, Стопанската комора, веќе неколку години, инсистира на објавување на така наречена „бела книга“ на најголемите плаќачи на даноци и придонеси во државата, по примерот како што Министерството за финансии и Управата за јавни приходи квартално ги објавуваат компаниите кои се најголеми должници по основ на даноците и придонесите. Иницијативата упорно се одбива од овие институции со образложение дека тоа е наводно „деловна тајна“, се вели во соопштението до медиумите.

Но, бидејќи законот е веќе донесен, бизнис заедницата ќе го оспору на Уставен суд.

Комората ќе побара од Претседателот на Република Северна Македонија да не го потпише Указот за прогласување на Законот за данок на солидарност, затоа што тој е очигледно во спротивност со член 52 од Уставот, но без очекување дека барањето на бизнис секторот ќе биде прифатено, велат од Комората. 

The post Стопанска комора пред Уставен ќе го оспорува Законот за данок на солидарност appeared first on telma.com.mk.

Агрегатор.мк 2019-2023 © Сите права задржани | Webland.mk