Агрегатор.мк

Секогаш информирани

Елмас за роденденска желба посака – Македонија на Еуро 2024! (ВИДЕО)

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас денеска слави 23 години и на вечерата после враќањето од Грузија, доби торта, па пред соиграчите во националниот тим ја истакна својата роденденска желба – со Македонија да игра и на Еуро 2024.

Елмас со Македонија играше на Еуро 2020 ланското лето, годинава преку Лигата на нациите не успеа да обезбеди нов бараж, па останува од март до ноември идната година Македонија низ редовните квалификации да брка пласман на континенталниот шампионат.

„Многу сум среќен што сум тука со вас, се надевам на уште многу вакви среќни моменти, а секако моја желба е пласман на Европско во 2024 година“, рече Елмас пред колегите.

Агрегатор.мк 2019-2022 © Сите права задржани